Нова Македонија: Уметникот што ѝ даде глас на природата

Во Преспанскиот регион, природата е дел од секојдневието, но и прва ја чувствува последицата од несовесното однесување кон отпадот. Дивите депонии, пластиката, органскиот отпад и амбалажата од земјоделското производство ја нарушуваат сликата на еден од највредните природни предели во земјата.

Таква е приказната на Дејан Јосифовски, љубител на природата и ентузијаст за нејзино зачувување, кој секој слободен миг го поминува низ планините, ридовите и патеките на Преспа. Наместо само да помине покрај отпадот што го среќава во природата, тој одлучува да реагира и преку креативен пристап да испрати порака.

Од фрлени предмети, пластика, стари апарати, гуми и друг отпад, Јосифовски создава фигури што потсетуваат дека она што го фрламе не исчезнува. Неговата мисија покажува дека секоја промена започнува од поединец, но може да поттикне и поширока акција за почиста и поздрава Преспа. Сторијата на Нова Македонија читајте ја на ОВОЈ ЛИНК.

Со оваа сторија, Нова Македонија ја поддржува кампањата „Преспа? Разбуди се за чиста средина“, што ја спроведува Институтот за комуникациски студии во соработка со Еко герила Преспа и Македонско еколошко друштво, поддржана од Европската унија.

Поврзани објави