Вечер.пресс: Како никогаш досега во Ресен се продаваат лекови за карцином, тироидна жлезда, стерилитет, алергии…

Покрај климатските промени, човечкиот фактор е главниот фактор за алармантната состојба со заболувањата на населението во Преспа. Доктори и аптекари дебатираа во Ресен за „Здрава средина, здрав живот“, при што беа искажани загрижувачки податоци за бројот на заболени од карцином во Преспа.

– Имаме податоци што не смееме да ги игнорираме. Моето децениско аптекарско искуство покажува дека како никогаш досега во Ресен продаваме лекови за карцином, тироидна жлезда, стерилитет, алергии. Како фармацевти нема да останеме неми, ќе нудиме едукација и совети за секој што сака да живее поздраво – кажа Билјана Стојаноска, претставничка на аптекарите во Преспа.

Д-р Давид Здравески од Институтот за јавно здравје најави редовен мониторниг на воздухот, водата, храната, почвата и бучавата во Преспа.

Прочитајте ја целата сторија на Вечер.пресс.

Поврзани објави