ПлусИнфо: 250 НОВИ СЛУЧАИ НА КАРЦИНОМ ГОДИШНО, ПРЕСПА АЛАРМИРА Потребна е заедничка акција за здрава средина и здрав живот
На Преспа ѝ е потребна заедничка акција која ќе започне од самите граѓани, а ќе продолжи преку институциите и од локалната и од централната власт, за да се создаде почиста животна средина, што пак значи и подобро здравје за сите жители. Ова е заклучокот од панел-дискусијата „Здрава средина, здрав живот“ што се одржа во Ресен по повод Меѓународниот ден за животна средина и здравје – 26 септември. Учесниците без задршки зборуваа за последиците од колективната негрижа за природата.
Директорот на Болницата за респираторни заболувања во Отешево, д-р Благоја Китановски, изнесе загрижувачки податоци за бројот на заболени од карцином во Преспа.
– Има благо зголемување на бројот на заболени од карцином, иако бројката на новозаболени од овој регион не го надминува просекот на ниво на државата. Ние имаме годишно 250 новозаболени од карцином. Таа бројка беше поголема во претходната година, оти за време на ковид-кризата не се правеше дијагностика. За надминување на оваа состојба ние правиме редовни скрининзи за рак на дојка и колоректален карцином кои се малигни заболувања карактеристични за овој регион – изјави д-р Китановски.
Тој истакна дека причините за состојбата се подеднакво последица и на човечкиот фактор и на климатските промени, кои го намалуваат водостојот на езерото, го менуваат живиот свет во него и директно влијаат на здравјето на луѓето.
Претставничка на аптекарите во Преспа, Билјана Стојаноска, додаде дека состојбата е уште позагрижувачка кога се гледа преку продажбата на лекови.
Целата сторија можете да ја прочитате на ПлусИнфо.
