Чарето за Преспа е во компост, селектирање и во макотрпна обука
Заживување на компостарата за биоотпад по 7 години во Ресен, масовни акции за чистење на 38 диви депонии кои можат да „никнат“ по еден месец, најмалку 2.300 корпи за селектирање отпад како првичен чекор и масовна едукација на населението и на компаниите може да биде почеток на една нова кружна економија за спасување на Преспанскиот регион од загадувањето.
Чарето за 8-15.000 тони биоотпад во Преспанскиот регион е негово претворање во корисно природно ѓубриво кое потоа ќе можат да го користат јаболкопроизводителите, нешто што веќе е испробано со постројки за машински или за индустриски компостари во неколку општини во Македонија. Користењето компост ќе значи помалку користење пестициди кои се главен загадувач на регионот, на Езерото и на Паркот на природата Езерани и бавен преод кон органско, интегрирано производство, нешто за што ќе бидат потребни макотрпни обуки.
Ресен беше првиот град во Македонија кој во 2014 година доби компостара вредна милион евра, но објектот престана да работи во 2017 година.
Сторијата на „Плус инфо“ прочитајте ја на ОВОЈ ЛИНК.
Со оваа сторија, Плус инфо ја поддржува кампањата за управување со отпад во Преспанскиот регион „Преспа? Разбуди се за чиста средина“, што ја спроведува Институтот за комуникациски студии во соработка со Еко герила Преспа и Македонско еколошко друштво, поддржана од Европската унија.
