Канал 5: Големо зголемување на лицата болни од рак во преспанскиот регион

Хемикалиите преку водите стигнуваат и до водите и храната и се една од причините за заболување од рак, објаснуваат докторите и експертите за заштита на животна средина на светскиот ден за заштита на животната средина и човековото здравје во ресенскиот регион организарна од Институтот за комуникациски студии.

Во Ресен има 250 луѓе со рак на дојка или дебело црево, како индиректна причина медицината ја наведува и големата засистеност на пестициди што ги има во почвата и водата. Доктор Благој Китановски, директор на болницата во Отешево објаснува дека најдобра заштита за човековото здравје се редовните контроли и скринизи со цел навреме да се реагира и итно регулирање на дивите депонии во Ресен.

„Има благо зголемување на бројот на заболени од карцином, иако бројката на новозаболени од овој регион не го надминува просекот на ниво на државата. Ние имаме годишно 250 новозаболени од карцином. Таа бројка беше поголема во претходната година оти за време на ковид-кризата не се правеше дијагностика. За надминување на оваа состојба ние правиме редовни скрининзи за рак на дојка и колоректален карцином кои се малигни заболувања карактеристични за овој регион“ изјави Д-р Благој Китановски директор на болница Отешево.

Прочитајте ја целата сторија на Канал 5.

Поврзани објави