Инфо Компас: „Царицата“ од Ресен – пример за иднината на македонското земјоделство
Во Преспанскиот регион се развиваат приказни кои го поврзуваат земјоделството со грижата за природата, здравата храна и одржливите практики. Една од нив е приказната за Кирил Прцуловски од селото Царев Двор, кој преку органско производство на јаболка го создава брендот „Царица“.
По долгогодишно конвенционално производство, Прцуловски се насочува кон органско одгледување и користење природни препарати за третирање на јаболката. Неговиот пример ја отвора темата за поодржливо земјоделство, поголема грижа за почвата и подобра поврзаност меѓу производството на храна, животната средина и локалниот развој.
Сторијата ги опфаќа и предизвиците со кои се соочуваат органските производители, од потребата за поголема поддршка и сигурен пласман, до подобра промоција на домашните органски производи. Во таа насока, повторното активирање на компостарата во Ресен може да биде значаен чекор за земјоделците, но и за подобро управување со органскиот отпад во регионот.
Сторијата на Инфо Компас гледајте ја на ОВОЈ ЛИНК.
Со оваа сторија, Инфо Компас ја поддржува кампањата „Преспа? Разбуди се за чиста средина“, што ја спроведува Институтот за комуникациски студии во соработка со Еко герила Преспа и Македонско еколошко друштво, поддржана од Европската Унија.
