Макфакс: Еко-активист со велосипед ги собира отпадоците од местата во Преспа со поглед од „милион долари“

Во Преспанскиот регион, каде природата е едно од најголемите богатства, отпадот сe почесто станува дел од пејзажот. Пластика, лименки, гуми и различен отпад можат да се забележат покрај патиштата, во шумите и на местата со поглед кон Преспанското Езеро.

Но, има и луѓе кои не поминуваат рамнодушно покрај овој проблем.

Дејан Јосифовски, љубител на природата и велосипедист од Преспа, секој слободен момент го користи за да помине низ планинските патеки и природните предели во регионот. Наместо само да го забележи отпадот што го среќава, тој одлучил и да реагира.

Со велосипед ги обиколува местата низ Преспа и собира отпад што несовесно е оставен во природата. Вели дека на овој начин сака да покаже дека секој поединец може да придонесе за почиста и поздрава животна средина.

Неговата приказна е потсетник дека природата не може сама да се заштити и дека промените започнуваат од секој од нас. Преку својот личен пример, Јосифовски испраќа порака за поголема грижа, одговорност и почит кон Преспа и нејзините природни убавини.

Сторијата на Макфакс гледајте ја на ОВОЈ ЛИНК.

Поврзани објави