Макфакс: Преспанци ќе добијат можност сами да предложат како да се уредат 30 локации на кои досега на диво трупаа ѓубре

Општина Ресен изброја најмалку 30 диви депонии и ги стави на листа за чистење. Чистењето почна, но општинарите велат дека тоа е процес што ќе трае оти целта не е само да ги исчистат дивите депонии, па за кратко време повторно да се наполнат, туку, покрај чистењето, да ја кренат јавната свест кај жителите, да најдат заеднички решенија и да се искорени навиката ѓубрето да го оставаат малку понастрана од дворот.

Директорот на ЈКП „Пролетер“ Марчел Русу вели дека ниската свест кај жителите е причината поради која жителите го оставаат ѓубрето покрај улиците иако користењето на легалната депонија во село Златари е бесплатно.

Општината работа и на идеја за нов начин за собирање на отпадот од пестициди. Градоначалникот Јован Тозивески вели дека се на добар пат и дека за кусо време ќе може да се пофалат со добар модел за постапување со овој специфичен отпад.

Сторијата на Макфакс прочитајте на ОВОЈ ЛИНК.

Со оваа сторија, Макфакс jа поддржува кампањата за управување со отпад во Преспанскиот регион „Преспа? Разбуди се за чиста средина“, што ја спроведува Институтот за комуникациски студии во соработка со Еко герила Преспа и Македонско еколошко друштво, поддржана од Европската унија.

Поврзани објави