Апла.мк: Опасностите за здравјето и природата во Преспа не смеат да се игнорираат

На Преспа ѝ треба заедничка акција која ќе тргне од граѓаните, а ќе ја продолжат институциите и од локалната и од централната власт за да се дојде до почиста животна средина која, пак, значи здравје за сиот жив свет. Ова е заклучокот од панел-дискусијата „Здрава средина, здрав живот“ во Ресен, која се одржа по повод Меѓународниот ден за животна средина и здравје – 26 септември. Учесниците на дискусијата без задршки зборуваа за проблемите кои ги предизвикува колективната негрижа за животната средина.

Директорот на Болницата за респираторни заболувања во Отешево, д-р Благоја Китановски даде загрижувачки податоци за бројот на заболени од карцином во Преспа.

„Има благо зголемување на бројот на заболени од карцином, иако бројката на новозаболени од овој регион не го надминува просекот на ниво на државата. Ние имаме годишно 250 новозаболени од карцином. Таа бројка беше поголема во претходната година оти за време на ковид-кризата не се правеше дијагностика. За надминување на оваа состојба ние правиме редовни скрининзи за рак на дојка и колоректален карцином кои се малигни заболувања карактеристични за овој регион“, изјави директорот Китановски.

Неговиот став е дека вината за состојбата со заболувањата подеднакво ја дели човечкиот фактор со негрижата за животната средина и климатските промени кои го намалуваат водостојот на езерото, го менуваат живиот свет во езерото, а од таму и на луѓето.

Целата сторија можете да ја прочитате на Апла.мк.

Поврзани објави