РадиоМоф: Опасностите за здравјето и природата во Преспа не смеат да се игнорираат, предупредуваат екперти

На Преспа ѝ треба заедничка акција која ќе тргне од граѓаните, а ќе ја продолжат институциите и од локалната и од централната власт за да се дојде до почиста животна средина која, пак, значи здравје за сиот жив свет. Ова е заклучокот од панел-дискусијата „Здрава средина, здрав живот“ во Ресен, која се одржа по повод Меѓународниот ден за животна средина и здравје – 26 септември.

„Учесниците на дискусијата без задршки зборуваа за проблемите кои ги предизвикува колективната негрижа за животната средина“, велат од „Преспа? Разбуди се за чиста средина“.

Директорот на Болницата за респираторни заболувања во Отешево, д-р Благоја Китановски даде загрижувачки податоци за бројот на заболени од карцином во Преспа.

Целата сторија можете да ја прочитате на РадиоМоф.

Поврзани објави