Поткаст со министерот за земјоделство Цветан Трипуновски – Германска инвестиција во Преспа за преработка на јаболка ќе го намали био-отпадот
Преспа живее од јаболкото – тоа е бренд од кој егзистира целиот регион, но и предизвик за животната средина. Во поткастот со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски разговаравме за значењето на преспанското јаболко за македонското земјоделство, државната поддршка за модернизација за земјоделците, како и за напорите да се премине кон поодржливо производство. Министерот открива што прави државата за поттикнување на органското земјоделство, како се решава проблемот со органскиот отпад и за нови инвестиции во преработувачки капацитети.
Министре, ако ги прашате земјоделците на терен кој е поголем бренд – преспанското јаболко или Преспанско Езеро, во моментот велат дека јаболкото има предност. Колку е значајно производството на јаболка во Преспа за македонското земјоделство во целина?
Тесна е разликата или приближна е важноста дали на езерото или на јаболката. Меѓутоа, од аспект на храна и наш познат македонски бренд -да, јаболкото можеби е на прво место. Целиот тој регион низ годините има традиција на производство на македонско јаболко. Покрај најзастапените форми, сега во поново време има и модерни сорти кои се барани надвор од државата. И од социоекономски аспект е важно за сите граѓано земјоделци кои живеат од оваа земјоделска гранка. Министерството во изминатата година се труди да го зголеми, одржува и модернизира производството затоа што е важно за тој регион. Земјиштето, климата и местоположбата се такви што јаболкото единствено најдобро успева во тој регион.
Преспа живее од јаболкото. Осумдесет проценти од луѓето во овој регион се занимаваат со производство на јаболка. Колку државата помага во Преспа да се спроведува одржливо земјоделство?
Овоштарството е една од поважните носечки економски гранки во делот на земјоделството и учество со сериозен процент. Најзастапен е преспанскиот регион со нашето познато јаболко. Министерството ги дели активностите во два дела. Првиот момент е да обезбедиме сигурен пласман на македонското јаболко, а од друга страна да го помогнеме македонскиот земјоделец да се модернизира.
Изминатава година имавме серија на јавни повици кои значат дополнителна поддршка на македонските земјоделци, вклучувајќи ги јаболкопроизводителите. Повиците се однесуваат на стимулирање на нова свежа енергија и нова сила во земјоделството. Тоа е повикот за млад земјоделец, за сите они кои се помалку од 18 месеци во регистарот на министерството да аплицираат и да земат грантови до 10 000 евра за постоечки капацитети или за влегување комплетно во нова инвестиција. Имавме јавни повици со кои кофинансиравме до 600 000 денери за набавка на механизација трактори и за приклучна механизација, која што би го олеснила процесот на производство и модернизација, бидејќи во денешно време работната сила претставува еден од сериозните предизвици во делот на економската исплатливост во производството.
Исто така работиме на аспектот на борба со климатските промени, да се справиме со тие предизвици и да превенираме евентуални последици. Еден од повиците беше за кофинансирање на антифрост системи и заштитни мрежи кои дополнително може да го заштитат овошниот насад. Во објавата имаше опција и за аплицирање за инвестиции во системи за наводнување „капка по капка“ и копање на бунари кои се исто така важен сегмент во делот на наводнувањето.
И еден од поважните јавни повици беше за кофинансирање, односно финансирање на земјоделските задруги, кои се еден од клучевите на организација и групирање на земјоделците по тип на производство, заради конкурентност, потенцијали, квантитет на производство итн. Тој јавен повик беше за секоја задруга да може да добие грант до 15 милиони денари. Прифатили инвестиции ќе бидат за механизација, постбербени активности, изградба на ладилници, хали или сместувачки капаситети, бидејќи кога доаѓа бербата на јаболката се случува одреден притисок од зголемената количина и овој тип на инвестиции би го релаксирале тој момент.
Покрај редовните сувенци кои ги даваме по единица површина плус килограм предадено во откупен центар, финансираме и подигање на нови овошни насади. Министерството дава финансиска поддршка од 40 денари по садник или подигање на нов овошен насад. Со тоа сакаме сите насади кои се постари, позапуштени да се обновуваат со нешто ново. Државата сака да помогне да се одржи количината, односно површината со преспанско јаболко.
Каков е интересот на земјоделците затоа што е многу важно да бидат дел од системот?
Интересот е охрабрувачки голем затоа што подрачната единица на министерството е секојдневно во комуникација со сите земјоделци од тој регион, која зборуваме. Дополнително, АД Водостопанство има своја филијала која е во секојднева комуникација за системите за наводнување. Ние сме максимално отворени за сите тековни активности и сѐ што стига како рефлексија од земјоделците за нивните потреби. Навистина сме максимално посветени да го одржиме ова земјелско производство и по квантитет и од социјален аспект, а нормално не сакаме да го изгубиме нашиот бренд – македонското јаболко.

Органското производство – иднината на здравото и одржливо земјоделство
Кога се говори за чиста животна средина, вообичаено, се посочува на органски начин на производство. Што прави државата да поттикне органско производство на јаболка? Многу мал дел од земјелците во тој регион се бават со органско производство на јаболка.
Органското производство во Македонија години наназад е во сериозен пад. Во програмата за финансиска поддршка или субвенициите, даваме дополнителна стимулација за оние кои што сакат да преминат од конвенционално во органско производство. За еден хектар овошен насад јаболка по површина се добиват 42 000 денари сувенција од државата, а ако некој земјоделец одлучи да премине во органско производство во периодот на конверзија, преоден период ќе добие 29 400 денари како дополнителна стимулација, односно кога ќе стане органски производител ќе ја добива истата сувенција. Која ќе соберете се добиваат повеќе од 70 000 денари финансиска инекција од државата за да се одржи, бидејќи органското производство бара посебни услови и сертификација. Министерството ги зголеми субвенциите за 50 % да стимулира органски земјоделски производ, вклучувајќи го и јаболкото, бидејќи е навистина важно заради здравата искрана, контролираните услови на одгледување, а нормално и сите потрошувачи кои ќе сакаат да направат избор дали ќе купат конвенционални или органски производи.
Очекувате ли дека тоа може да го замени традиционалното или конвенционалното производство?
Во наредниот период, сакаме да ја покренеме свеста за значењето на органското производство и да ги стимулираме земјоделците да произведуваат органски производи. Даваме субвенија која е зголемена за 50 %, вклучувајќи и зелена нафта и предност во сите повици, меѓутоа тој органски производ ќе има и додадена вредност бидејќи е брендиран и сертифициран и не е со иста цена како конвенционалниот.
Од друга страна, започнавме кампања „Македонско најдобро“, во која една од целите е сите земјоделци кои произведуваат одреден производ, вклучувајќи го и органскиот, да бидат повидливи за јавността. Секој земјоделец ќе биде стимулиран да произведува повеќе, ако побарувачката му се зголеми. Со регистрирање на платформа на министерството, доколку во делот на претражување ставите клучен збор „органска круша“, треба да се појават сите кои ги произведуваат и на тој начин ќе бидат подостапни за граѓаните.
Органското производство е идината на производство на здрава храна, не само за најмладите генерации, но и за сите останати, бидејќи има лимитирана употреба на препарати за заштита, посебни услови на производство итн. Можеби визуелно не е толку добар за гледање, но е многу поздрав од сѐ друго.

Од јаболко до финален производ – нови инвестиции и решенија за органскиот отпад во Преспа
Во годините наназад, генерално на земјоделците им се забележува за прекумерната употреба на пестициди и фрлањето на јаболката во езерото. Тие генерално коментираат дека тоа се случувало во услови кога индустриското јаболко имало цена половина денар и велат дека сега такво нешто не се случува затоа што таа цена е 10 денари по килограм за индустриско јаболко. Но, останува органски отпад од кастрењето, тоа што ќе остане на нивите. Општината заедно со комуналното претпријатие работат на рестартирање на компостарата во Ресен, која би помогнала тој отпад да се собира, преработува и да се враќа повторно на овоштарниците во Преспа. Има ли начин Министерството за земјоделство да помогне во решавање на проблемот со органскиот отпад?
Ако го земеме целото земјоделско производство на јаболко во Преспанскиот регион, интенцијата на министерството е да не биде успех да го извезуваме македонското јаболко, без разлика дали е конвенционално или органско. Напротив, успех да биде ако од тој квалитетен производ правиме барем најмалку полупроизвод, ако не и финален производ, затоа што ќе извеземе јаболка, а ќе увеземе некој од природните сокови и ќе го купиме 10 пати поскапо од тоа што сме го имале како ресурс.
Еден од капацитетите кои постојат во Демир Хисар – турска инвестиција што треба да преработува индустриски јаболка да добие полупроизвод, веќе оваа година стартува со работа. Дополнително, ќе имаме уште една германска инвестиција која ќе биде точно во Преспанскиот регион – капацитет за преработка на индустриски јаболка.
Не сакаме да бидеме сведоци на сликите кога во Преспанско Езеро плутаа јаболки и се фрлаа. Откупната цена од 10-11 денари по килограм е навистина респективна цена што значи дополнителен приход. Конзумното јаболко има цена која исто така е добра.
Важно е и да се направи органски отпат за нештетно да се елиминира во животната средина. За тоа поголема надлежност има Министерството за животна средина, но ние во рамките на нашите можности стоиме на располагање заедно со општината, ако треба дополнително заеднички да се делува бидејќи треба да го закружиме целиот процес – од производството до отстранувањето на секој нус-производ од производството на јаболка. Најголемите штети во минатото беа од фрлањето на јаболката што не можеше да се пласира ниту на преработувачките капацитети ни надвор од државата и тоа претставуваше сериозен еколошки проблем.
Поткастот го изработи Институтот за комуникациски студии (ИКС) во соработка со ТВ Сител во рамките на кампањата за управување со отпад во Преспанскиот регион „Преспа? Разбуди се за чиста средина“, која е поддржана од Европската унија преку програмата „ЕУ за Преспа“. Содржината е единствена одговорност на ИКС и не ги одразува нужно ставовите на Европската унија.
