Кајгана: Преспа има годишно по 250 новозаболени од рак, се бори со стерилетет и проблеми со тироидна жлезда, а тоне во ѓубре

На Преспа ѝ треба заедничка акција која ќе тргне од граѓаните, а ќе ја продолжат институциите и од локаната и од централната власт за да се дојде до почиста животна средина која, пак, значи здравје за сиот жив свет, е заклучокот од денешната панел-дискусија „Здрава средина, здрав живот“ во Ресен организирана по повод 26 септември Меѓународниот ден за животна средина и здравје. Учесниците на дискусијата без задршки зборуваа за проблемите што ги предизвикува колективната негрижа за животната средина. Директорот на болницата за респираторни заболувања, Благоја Китановски, даде загрижувачки податоци за бројот на заболени од карцином во Преспа.

„Има благо зголемување на бројот на заболени од карцином иако бројката на новозаболени од овој регион не го надминува просекот на ниво на Републиката. Ние имаме годишно 250 новозаболени од карцином. Таа бројка беше поголема во претходната година оти за време на ковид-кризата не се правеше дијагностика. За надминување на оваа состојба ние правиме редовни скрининзи за рак на дојка и колоректален карцином кои се малигни заболувања карактеристични за овој регион“, рече директорот Китановски.

Ресенчани без задршки зборуваа за проблемите

Неговиот став е дека вината за состојбата со заболувањата подеднакво ја дели човечкиот фактор со негрижата за животната средина и климатските промени кои го намалуваат водостојот на езерото, го менуваат живиот свет во езерото, а оттаму и на луѓето.

Целата сторија прочитајте ја на Кајгана.

Поврзани објави