Примарна селекција значи помалку отпад на депонија

Ресенската депонија во Златари лани собрала над 6000 тони цврст комунален отпад.  „Собираме отпад од околу 90 проценти од територијата на Преспа, меѓутоа со проектот „ЕУ за Преспа“ добиваме две нови возила за собирање на отпад и со тоа комплетно 100 проценти ќе ја покриеме цела територија на Преспа и онаму каде никогаш не се собирало отпад – и во најмалите селски средини“ вели Марчел Русу, директор на ЈКП „Пролетер“-Ресен. За првиот човек на Ресен нема алтернатива на регионалните депонии. Слекцијата на отпадот ќе ја намали количината на отпад која би се депонирала во идната регионалната депонија. „Со нови возила, со компостирање на отпад, со селекција на отпад, за нашиот конвенционален отпад да стигне што помалку во регионалната депонија“, вели Тозиевски.

ТВ сторијата на ТВ ТЕРА гледајте је на ОВОЈ ЛИНК.

Поврзани објави