Макфакс: Ресенци алармираа: Преспа годишно има по 250 новозаболени од карцином, се бори со стерилитет и со проблеми со тироидната жлезда, а тоне во ѓубре

На Преспа ѝ треба заедничка акција, која ќе тргне од граѓаните, а ќе ја продолжат институциите и од локаната и од централната власт за да се дојде до почиста животна средина, која значи здравје за целиот жив свет, е заклучокот од денешната панел-дискусија „Здрава средина, здрав живот“ во Ресен, организирана по повод Меѓународниот ден за животна средина и здравје – 26 Септември. Учесниците на дискусијата без задршки зборуваа за проблемите што ги предизвикува колективната негрижа за животната средина. Директорот на болницата за респираторни заболувања, Благоја Китановски, даде загрижувачки податоци за бројот на заболени од карцином во Преспа.

„Има благо зголемување на бројот на заболени од карцином, иако бројката на новозаболени од овој регион не го надминува просекот на ниво на Републиката. Ние имаме годишно 250 новозаболени од карцином. Таа бројка беше поголема во претходната година оти за време на ковид-кризата не се правеше дијагностика. За надминување на оваа состојба, ние правиме редовни скрининзи за рак на дојката и за колоректален карцином, кои се малигни заболувања карактеристични за овој регион“, рече директорот Китановски.

Целата сторија можете да ја прочитате на Макфакс.

Поврзани објави