СДК.мк: Малините се повкусни откако користиме компост место вештачко ѓубриво, вели Игор Фузевски, земјоделец од Ресен

Во Преспанскиот регион органскиот отпад сè почесто се препознава како ресурс што може повторно да се врати во земјоделството. Наместо остатоците од производство да завршуваат на депонија, земјоделецот Игор Фузевски од Ресен веќе десетина години ги претвора во компост што го користи на својата нива.

Семејството Фузевски одгледува малини, компири и други градинарски култури, а Игор вели дека откако користат компост, родот е подобар, а малините и компирите се повкусни. Компостирањето, како што објаснува, бара правилно редење на зелен и кафеав отпад, одржување влага и повремено мешање, но за околу три месеци може да се добие квалитетен компост.

Во услови кога цените на вештачките ѓубрива се зголемуваат, домашниот компост претставува поевтина и поодржлива алтернатива. Преку ваквите практики се намалува органскиот отпад, се штеди, а истовремено се поттикнува поодговорен однос кон почвата и животната средина.

Сторијата на СДК гледајте ја на ОВОЈ ЛИНК.

Со оваа сторија, СДК ја поддржува кампањата „Преспа? Разбуди се за чиста средина“, насочена кон поттикнување подобри практики за управување со отпадот во Преспанскиот регион и поголема свест за заштита на животната средина.

Поврзани објави