СтругаОнлајн.мк: Проектот за селекција на текстил треба да му помогне на Преспанскиот регион во неговата заштита
Жителите на Ресен и Преспа се повеќе го селектираат текстилниот отпад, придонесувајќи за намалување на количините отпад што завршуваат на депониите и во природата. Преку поставување на специјални контејнери за собирање текстил, граѓаните добиваат можност старата облека и текстилните производи да бидат повторно употребени или рециклирани наместо да завршат како отпад.
Селекцијата на текстилниот отпад е важен чекор кон намалување на загадувањето и поодговорно користење на ресурсите. Ваквите активности придонесуваат за развивање на еколошки навики кај граѓаните и ја зајакнуваат свеста за значењето на рециклирањето и повторната употреба на материјалите, особено во региони со исклучително природно богатство како Преспа.
Сторијата на СтругаОнлајн.мк погледнете ја на ОВОЈ ЛИНК.
Со оваа сторија, СтругаОнлајн.мк ја поддржува кампањата „Преспа? Разбуди се за чиста средина“, насочена кон поттикнување подобри практики за управување со отпадот во Преспанскиот регион и поголема свест за заштита на животната средина.
