Тера ТВ: Децата во Преспа од најмали нозе учат да ја штитат животната средина
Децата во Преспа уште од најмала возраст учат како да ја штитат животната средина преку различни еколошки активности и практични акции. Градинката „11 Септември“ во Ресен, во соработка со „Тексомак“ и ЈП „Пролетер“, постави контејнери за собирање текстилен отпад, со цел текстилот повторно да се употреби или рециклира. Покрај тоа, во градинката се собираат и неупотребливи батерии кои понатаму се испраќаат на рециклирање.
Од градинката велат дека ваквите активности им помагаат на децата уште од најрана возраст да развијат навики за грижа кон природата и правилно управување со отпадот.
Едукативни активности за подигање на еколошката свест се реализираат и во училиштата во Преспа. Од ООУ „Мите Богоевски“ во Јанковец велат дека учениците и наставниците активно се вклучуваат во еколошки акции и проекти, со цел да изградат генерации кои ќе се грижат за природата и животната средина.
Сторијата на Тера ТВ гледајте ја на ОВОЈ ЛИНК
Со оваа сторија, Тера ТВ ја поддржува кампањата „Преспа? Разбуди се за чиста средина“, насочена кон поттикнување подобри практики за управување со отпадот во Преспанскиот регион и поголема свест за заштита на животната средина.
