ТВ Сител: Дивите депонии во Преспа го загрозуваат здравјето на жителите – како до решение?

Триесеттина диви депонии тлеат во и околу Ресен и го загрозуваат здравјето на жителите. Барем толку изброиле властите. Од невладиниот сектор спасот го гледаат во поригорозни казни, но и поставување на камери на критичните точки за полесно да се „ловат“ оние кои ја загадуваат животната средина. Дополнителен проблем е и малиот број на инспектори. Само три лица се специјализирани за да  вршат инспекциски надзор во Преспанскиот регион.

Освен несоодветното управување со комуналниот отпад, уште поголем проблем претставува и земјоделскиот отпад. Годишно има 8.000–15.000 тони јаболков био-отпад, кој треба да се компостира. Земјоделецот Љупчо Крстевски е еден од ретките кој се бави токму со компостирање на отпад. Тој вели дека нема соодветна обука на земјоделците за компостирање и контролирана примена на компостот како ѓубриво.

Сторијата на ТВ Сител гледајте ја на ОВОЈ ЛИНК.

Со оваа сторија, ТВ Сител ја поддржува кампањата „Преспа? Разбуди се за чиста средина“, што ја спроведува Институтот за комуникациски студии во соработка со Еко герила Преспа и Македонско еколошко друштво, поддржана од Европската унија.

Поврзани објави