ТВ Телма: Помалку отпад и пестициди, повеќе живот за Преспа

Во Преспанскиот регион, земјоделството е тесно поврзано со природата, почвата и езерото. Но, органскиот отпад, остатоците од земјоделското производство и прекумерната употреба на хемиски средства остануваат предизвик за животната средина и за здравјето на луѓето.

Преку примерите од Преспа, ТВ Телма ја пренесува приказната за потребата од поодржливи практики – помалку отпад, помалку пестициди и повеќе грижа за природата. Компостирањето и органското производство се дел од решенијата што можат да помогнат отпадот повторно да се искористи, почвата да се подобри, а земјоделството да стане поодговорно кон околината.

Ваквите практики се важни и за земјоделците и за целата заедница. Тие значат помалку загадување, поздрава почва, поквалитетна храна и поголема свест дека иднината на Преспа зависи од секојдневните навики и од начинот на кој се однесуваме кон природните ресурси.

Сторијата на ТВ Телма гледајте ја на ОВОЈ ЛИНК.

Со оваа сторија, ТВ Телма ја поддржува кампањата „Преспа? Разбуди се за чиста средина“, што ја спроведува Институтот за комуникациски студии во соработка со Еко герила Преспа и Македонско еколошко друштво, поддржана од Европската унија.

Поврзани објави