ТВ Телма: Сторија од Преспа: Природата не е депонија!
Во преспанскиот крај, јаболкото не е само овошје. Тоа е традиција и главен извор на приход за речиси секое домаќинство.
Таков е и случајот со Панде Савевски, кој од дете е земјоделец. Но, тој искрено пред камерата на Телма признава – илјадници тони гнили јаболка, но и гранки, сечени дрвја и амбалажи од пестициди завршуваат покрај патишта, на ниви или во диви депонии. Наместо да се рециклираат или искористат повторно, тие стануваат закана – за почвата, водата, воздухот и за луѓето.
Во Општина Ресен има над 30 диви депонии. Според градоначалникот Јован Тозиевски, проблем е ниската свест кај граѓаните и недостатокот на инспектори, бидејќи само тројца инспектори треба да го контролираат Преспанскиот регион.
Сторијата на ТВ Телма гледајте ја на ОВОЈ ЛИНК.
Со оваа сторија, ТВ Телма ја поддржува кампањата „Преспа? Разбуди се за чиста средина“, што ја спроведува Институтот за комуникациски студии во соработка со Еко герила Преспа и Македонско еколошко друштво, поддржана од Европската унија.
