„Управувањето со отпадот бара многу повеќе од само да го сокриеме“ – поткаст со Ана Каранфилоска од Министерството за животна средина
Отпадот што го гледаме наоколу – во природата, покрај патиштата, во шумите, е создаден од нас. Свеста за тоа како отпадот влијае врз животната средина и здравјето сè уште е ниска, а управувањето со него бара многу повеќе од само „да го сокриеме“ или да го предадеме на првиот што ќе помине со трактор.
Што значи правилно управување со отпад? Зошто е важно да постојат лиценцирани собирачи и современи депонии кои не ја загадуваат околината? И зошто секој од нас мора да разбере дека отпадот што го создава – мора и да го плати?
По неодамнешните пожари на депонии во Скопје и инцидентот во магацин со електронски отпад, разговараме за тоа како сите заедно треба да се справуваме со отпадот што го правиме. Во поткастот гостува Ана Каранфилоска од Секторот за отпад при Министерството за животна средина.
Поткастот е изработен со поддршка на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија преку програмата „ЕУ за Преспа“, во соработка со Институт за комуникациски студи и ТВ Сител во рамките на кампањата „Преспа? Разбуди се за чиста средина“.
