Приватните куќи кои се водат на брегот на Охридското Езеро, хотелските комплекси кои што се наоѓаат во иста линија, како и многубројните шанкови поставени на самите плажи, се водат како потенцијални загадувачи на водата од езерото.
Од друга страна имаме и индиректно влијание, како што е развојот на зелената алга cladophora.
Од Институтот за Јавно здравје во Ресен упатуваат на редовни контроли на водата на Преспанското Езеро, особено во Стење, поради подземните води од септичките јами во селото.
Од Колекторскиот систем за заштита на Дојранското Езеро од отпадни и загадени води реализирана е само првата фаза и истиот е пуштен во употреба 1988 година, но сепак микробиолошки, водата се оценува како одлична.
Не е решение да се шири паника и да се загрозат туристичките потенцијали на македонските езера кои се главна економска гранка во регионите, но е важно да се предупредат граѓаните и туристите за можните опасности.
Охрид по успешна сезона. Додека задоволните туристички работници ги бројат парите, други мака мачат да објаснат дека преполнетоста на македонскиот бисер, од друга страна значи и негово уништување.
Како се прави тоа?
Она што ја влошува состојбата на езерото е еутрофикацијата или збогатување на водата со хранителни материи. Тие хранителни материи потекнуваат од комунални отпадни води, примарно, од земјоделие и индустрија.
Поради својата геолошка и географска поставеност немаме премногу земјоделие. Економската состојба, особено во индустријата во последниве триесетина години е значително намалена, така што и внесот на индустриски отпадни води е намален.
Но, од друга страна имаме многукратно зголемување на количината на отпадни води, кои се вливаат од комунално потекло. Главниот притисок е туризмот, кој особено во летните периоди доведува до значителни промени во хемијата на водата, а од друга страна влијае директно или индиректно на живиот свет.
„Директното влијание е тоа што некои видови се осетливи и нивната популација, нивната бројност се намалува во езерото. Од друга страна имаме и индиректно влијание, со тоа што одредени видови почнуваат масовно да се развиваат. Еден од таквите примери е една зелена алга која се вика cladophora. Која, доколку отидете летно време во Охрид буквално камењата се прекриени, масовно прекриени со таа зелена алга“, објаснува универзитетскиот професор Златко Лефков.
Пред дваесетина години, оваа алга била локализирана само на многу малку места во Охридското Езеро. Проблемот е што таа го зафаќа животниот простор на останатите алги и останатите безр’бетници. Што значи дека популациите не само на алгите, туку и на останатите безр’бетници се намалуваат.
„Состојбата е поприлично лоша, бидејќи одредени научни сознанија, модели што ги правиме укажуваат на тоа дека во Охридското Езеро за триесетина години од сега ќе се појави анаеробија, што значи недостаток на кислород во водата. Физиолошките механизми во самото езеро се значително пореметени. На пример, ако земеме податоците за Калишта, во Калишта имавме во текот на летото буквално десет пати зголемување на количината на хранителни материи во самото езеро. Состојбата е навистина драматична! Алармантно беше пред 5-10 години, сега веќе е навистина премногу тажно“, предупредува Лефков.
Охридското Езеро има среќа, бидејќи поради бројните извори, со сите овие деградирања, успева да направи просек во извештаите на Центарот за Јавно здравје, како вода во која е дозволено капење. Сепак, јасно се наведени загадувачите.
Охридското Езеро има многу потенцијални загадувачи. Фото: Томислав Георгиевски
Приватните куќи кои се водат на брегот на Охридското Езеро, хотелските комплекси кои што се наоѓаат во иста линија, како и многубројните шанкови поставени на самите плажи, се водат како потенцијални загадувачи на водата од езерото.
Но, комуналното загадување не влијае само на флората и фауната во езерото. Во Хидробиолошкиот завод во Охрид, редовни се мерењата за квалитетот на водата.
Микроорганизмите, бактериите, се многу ситни, не се гледаат со голо око и ние навидум можеме да видиме дека водата е бистра, дека нема ништо, но за жал кога ќе се направат испитувања се добиваат поинакви резултати.
Ленче „Имаме резултати кои што покажуваат дека во деловите каде што во просек, во текот на годината, кога не е туристичка сезона се чисти, дури има и квалитетна вода за пиење, за жал, во време на туристичката сезона, во овие делови може да се најдат вкупни колиформи бактерии, може да се најде за жал дури и ешерихија коли и ентерококи и клостриди, голем број на хетеротрофи кои се индикатори за органско загадување и тоа е тоа„, вели Ленче Локоска од Хидробиолошкиот завод во Охрид.
Иако кај нас институциите се обидуваат редовно да вршат контроли врз квалитетот на водата за капење, сепак доколку се случи некоја катастрофа, не постојат многу методи на кои може да се реши состојбата.
Не е решение да се шири паника и да се загрозат туристичките потенцијали на македонските езера кои се главна економска гранка во регионите, но е важно да се предупредат граѓаните и туристите за можните опасности. Одамна е потрвдено дека водата полна со фекалии, што е чест случај кај нас може да предизвика цела плејада на кожни, оториноларинголошки и дигестивни проблеми.
Септичките јами од Стење, отпадните води од Претор и Отешево се дел од опасностите за Преспанското Езеро. Фото: Томислав Георгиевски
Уште потажно е тоа што Охридското Езеро не е единственото со вакви проблеми. Од Институтот за Јавно здравје во Ресен упатуваат на редовни контроли на водата на Преспанското Езеро, особено во Стење, поради подземните води од септичките јами во селото, Претор заради отпадните води од сите објекти се собираат во сопствени попивни јами и Отешево, испустите од пречистителната станица, која ги пречистува отпадните води од центарот за рехабилитација во Отешево, но која не е реконструирана повеќе години. Сепак, по мерењата во мај, пред сезоната, во извештајот стои преодна оценка.
Микробиолошка анализа на површинска вода од Преспанско Езеро пред летна сезона 2023 година (Извор: Извештај за квалитетот и здравствената безбендост на површинските води за капање и проценка на здравствениот ризик пред почетокот на летната сезона за капење 2023)
Отешево е едно од шесте места од каде што екипите на Центарот за јавно здравје земале податоци од површинските води. Според резултатите, степенот на загаденост се води како низок.
Ваквите резултати не се доволни за луѓето кои ги имаат бактериите под око.
„Не би се капела во Преспа. Значи каде и да згазнете сѐ ви се мати“, вели Локоска.
Најдобра оценка има водата во Дојранското Езеро. Фото: Томислав Георгиевски
И во Дојранското Езеро се провлекуваат истите проблеми.
Од Колекторскиот систем за заштита на Езерото од отпадни и загадени води реализирана е само првата фаза и истиот е пуштен во употреба 1988 година. На колекторскиот систем се приклучени сите хотелско-угостителски објекти кои се наоѓаат по должината на крајбрежјето на езерото како и двата станбени комплекса во Нов Дојран. Останатите четири населени места со индивидуални станбени згради и викендички не се приклучени на колекторскиот систем, при што диспозицијата на отпадните фекални води се врши преку индивидуални попивни јами кои претставуваат хигиенски и епидемиолошки ризичен начин на диспозиција на отпадните води.
Ова покажува дека истите бактерии предизвикани од измет, најверојатно ги има и во Дојранското Езеро. Сепак, по земањето примероци од три локации од страна на Институтот за Јавно здравје дадена е здравствена оцена за здравствената безбедност на водата.
Но кога станува збор за микробиолошките параметри, во сите мерни места, водата во Дојранското Езеро се оценува како одлична.
Квалитетот на водата се мери во повеќе наврати, особено пред почеток на туристичка сезона. Она што не се прави е преземање на сериозни мерки за да се спречи уништувањето ан езерата и евентуална здравствена катастрофа.
Во Преспанскиот регион, каде што уметноста и традицијата сè уште живеат преку рачната изработка, уметници од Ресен преку бакрорезот покажуваат дека старите занаети можат да се зачуваат и истовремено да добијат нова вредност преку повторната употреба на материјалите. Во фокусот на текстот е приказната за Гордана Стојаноска и другите уметници од Ресен кои преку бакрорезот…
Децата во Преспа уште од најмала возраст учат како да ја штитат животната средина преку различни еколошки активности и практични акции. Градинката „11 Септември“ во Ресен, во соработка со „Тексомак“ и ЈП „Пролетер“, постави контејнери за собирање текстилен отпад, со цел текстилот повторно да се употреби или рециклира. Покрај тоа, во градинката се собираат и…
Во Преспанскиот регион, природата и земјоделството отсекогаш биле тесно поврзани. Но, дивите депонии, отпадот од пестициди и несоодветното управување со отпадот со години оставаат последици врз почвата, водата и целиот екосистем. Затоа, сè повеќе преспанци денес се обидуваат да ги менуваат навиките и да најдат начини производството да биде поодржливо и побезбедно за природата. Александар…
Во Преспанскиот регион, каде што земјоделството е дел од секојдневниот живот, се повеќе семејства се обидуваат да произведуваат храна на начин што ќе ја зачува природата и ќе го намали загадувањето. Несоодветното управување со отпадот, дивите депонии и прекумерната употреба на хемикалии со години оставаат последици врз почвата и водите, поради што расте свеста дека…
Во Преспанскиот регион, природата е дел од секојдневието, но и прва ја чувствува последицата од несовесното однесување кон отпадот. Дивите депонии, пластиката, органскиот отпад и амбалажата од земјоделското производство ја нарушуваат сликата на еден од највредните природни предели во земјата. Таква е приказната на Дејан Јосифовски, љубител на природата и ентузијаст за нејзино зачувување, кој…
Во Преспанскиот регион, каде природата е едно од најголемите богатства, отпадот сe почесто станува дел од пејзажот. Пластика, лименки, гуми и различен отпад можат да се забележат покрај патиштата, во шумите и на местата со поглед кон Преспанското Езеро. Но, има и луѓе кои не поминуваат рамнодушно покрај овој проблем. Дејан Јосифовски, љубител на природата…