Христијан Николовски, еко-активист
Убавината на Преспа е ретка, треба да ја почитуваме и да не ја загадуваме. Селектирајте, не користете амбалажа за еднократна употреба, фрлајте ѓубре каде што му е местото. Ако нема канти, понесете го со вас. Делувајте едукативно врз пријателите, приклучете се на еколошка акција. Придонесот кон чиста средина е наш заеднички бенефит.


