Преспа: економија што мора да ја чува природата
Фотографии: Дарко Андоновски
Фотографии: Дарко Андоновски
Преспа има потенцијал да биде вистинска туристичка атракција, но за тоа не се доволни само зборови и планови на хартија. Преспа треба да се сака со дела, со грижа, иницијативи и вложување во нејзината иднина.
Љубовта кон природата води кон чиста и здрава животна средина. Да ја чуваме и сакаме природата заедно.
Заштитата на Преспа не е избор, туку наша заедничка одговорност.
Преспанското Езеро не е само древно водно тело, туку жив екосистем со огромна еколошка, културна и економска вредност. Преспанското Езеро, во склоп на Преспанскиот регион, преставува огромно природно наследство, одржува редок див свет, овозможува егзистенција на локалното население, ги регулира регионалните климатски динамики и претставува еден од најважните слатководни екосистеми во Европа. Сепак, денес, неговите…
Да ја чуваме Преспа, нашето природно богатство! Со едукација и грижа можеме да ја заштитиме водата, животинскиот и растителниот свет. Секој наш мал чекор значи голема промена. Гордана Гаџовскa, Општина Ресен
За да ја заштитиме природата, прво треба да ја разбереме. Мониторинг станицата го следи квалитетот на водата и дава јасна слика за состојбата на Преспанското Езеро, клучно за негова навремена заштита. Ангела Ивановска, Општина Ресен
Фрламе ѓубре насекаде, нема доволно депонии, а луѓето не се свесни за штетата врз екосистемот во Преспа. Ако ја снема Преспа, ќе ги снема и жителите на Преспа. Елена Дурловска, студентка
Потребни се повеќе едукација, информирање и поддршка за еколошко производство уште од најрана возраст. Со мали, но важни чекори, Преспа може да стане зелена дестинација во која туризмот и производството се надополнуваат. Марија Евтимовска, Еко Герила Преспа.
Талогот од кафето нема да го фрламе, туку ќе го претвораме во природен компост за нашите градини. Така го намалуваме отпадот и придонесуваме за почиста средина. Елена Митаноски, сопственичка на кафе бар
Преспа ќе ја зачуваме ако се грижиме за неа, развиваме еколошки иницијативи и се поддржуваме меѓусебно. Нашата цел е да останеме во Преспа, а не да ја напуштиме.Александра Фузевска, екоактивист
Со органското производство ја штитиме околината, подземните води и храната, одржувајќи природен баланс. А вкусот на органското не може да се спореди со конвенционалното. Пере Транталовски, земјоделец