Ана Диновска, средношколка
Со секоја капка вода што ја штедиме и секое дрво што го садиме, нашата планета процветува. Заедно ја создаваме градината на иднината, па затоа да ја заштитиме нашата Преспа од отпад.
Со секоја капка вода што ја штедиме и секое дрво што го садиме, нашата планета процветува. Заедно ја создаваме градината на иднината, па затоа да ја заштитиме нашата Преспа од отпад.
Преспа плаче незабележливо, додека човечката рамнодушност ја претвора во депонија наместо рај. До сите нас е да ја спасиме и претвориме во бајка.
Со мали чекори да правиме големи промени. Да рециклираме, да чуваме и да се грижиме за животната средина – секој ден.
Рационалното користење на водата и инсталирање на системи за собирање на дождовница се ефикасни методи за заштеда на вода. Овие техники ги чуваат водните ресурси и ја зголемуваат продуктивноста на земјиштето. Да не фрламе отпад каде што ќе стигнеме за да не ги загадуваме водите, кои се значаен ресурс и основно човеково право.
Да направиме сè за Преспа да ја зачува мистичната убавина. Да користиме што помалку пластика за еднократна употреба и да воведуваме реупотребливи и еколошки пакувања. Да го фрламе ѓубрето на место каде што треба, а не во околината. Да се едуцираме за правилна селекција и одлагање на отпадот од домаќинствата.
Домаќински, со правилно искористување на водата при наводнување на овоштарниците, да бидеме исклучително внимателни за да не го изгубиме најважното за нас – Преспанско Езеро. Езерото не смее да биде место за јаболката кои се отпад од нашите овоштарници. На Преспа ѝ треба вистинско решение за отпадот.
Како мајка на три деца и фармер водам сметка за одлагањето на отпадот – за да го намалам, но и за да ги научам моите деца на добри навики. Сортирај го отпадот: пластика, стакло, хартија и органски отпад. Органскиот отпад да го користиме за производство на здрава храна. Нашите деца заслужуваат на трпезата да имаат…
Треба да се научиме на користење на производи за повеќекратна употреба. Наместо пластични ќеси, да користиме платнени. Наместо вода во пластични шишиња, да носиме свое метално шише. Ова не само што го намалува отпадот, туку и штеди пари на долг рок. Со вакви навики ќе имаме почиста околина.
Почнати се активности за обновување на компостарата каде што ќе се врши селектирање на биоразградливиот отпад и добивање на готов, целосно природен производ – компост. Трестот од јаболката, косената трева, пилевината, лисјата од дрвјата… ќе се собираат во компостарата, наместо да завршуваат на депонија, по улици или во реките.
Забележувам нус појави во однесувањето на пчелите што резултира со намален принос на мед и не ретко изумирање на пчелните семејства. Видлив и најголем е проблемот со отпадот. Се создаваат диви депонии, се палат несовесно или воопшто не се третираат. Да селектираме и реупотребуваме, а отпадот да го фрламе каде што му е место, а…
Селекцијата на употребливите состојки од комуналниот отпад на местото кадешто се создава придонесува за квалитетот на урбаното живеење, ја намалува количината на отпад и носи економски бенефит. Мотивирани сме за проширување на услугата за селектирање на комуналниот отпад на целата територија на Општина Ресен.
Електронскиот отпад содржи олово и други токсични елементи што ја загадуваат животната средина и влијаат штетно врз здравјето на луѓето. 100% од електронскиот отпад може да се рециклира. Да бидеме одговорни кон себе и кон околината. Не фрлајте електронски отпад во природата. Доставете го до некој од собирните места за мали апарати и уреди.