Ана Питроповска, средношколка
Преспа плаче незабележливо, додека човечката рамнодушност ја претвора во депонија наместо рај. До сите нас е да ја спасиме и претвориме во бајка.
Да ја чуваме Преспа, нашето природно богатство! Со едукација и грижа можеме да ја заштитиме водата, животинскиот и растителниот свет. Секој наш мал чекор значи голема промена. Гордана Гаџовскa, Општина Ресен
За да ја заштитиме природата, прво треба да ја разбереме. Мониторинг станицата го следи квалитетот на водата и дава јасна слика за состојбата на Преспанското Езеро, клучно за негова навремена заштита. Ангела Ивановска, Општина Ресен
Фрламе ѓубре насекаде, нема доволно депонии, а луѓето не се свесни за штетата врз екосистемот во Преспа. Ако ја снема Преспа, ќе ги снема и жителите на Преспа. Елена Дурловска, студентка
Потребни се повеќе едукација, информирање и поддршка за еколошко производство уште од најрана возраст. Со мали, но важни чекори, Преспа може да стане зелена дестинација во која туризмот и производството се надополнуваат. Марија Евтимовска, Еко Герила Преспа.
Талогот од кафето нема да го фрламе, туку ќе го претвораме во природен компост за нашите градини. Така го намалуваме отпадот и придонесуваме за почиста средина. Елена Митаноски, сопственичка на кафе бар
Преспа ќе ја зачуваме ако се грижиме за неа, развиваме еколошки иницијативи и се поддржуваме меѓусебно. Нашата цел е да останеме во Преспа, а не да ја напуштиме.Александра Фузевска, екоактивист