Љупчо Крстевски, фармер и сопственик на мини компостара
Органскиот е меѓу најчестите отпади во земјоделството што завршува во полињата, реките и езерото. Но, тој е и меѓу најпотенцијалните отпади – од него може да се добие квалитетен компост што ќе ја збогати почвата и квалитетот на производите. Наместо полиња полни со отпад, Преспа може да биде водечка во производство на органско ѓубриво.


