СДК.мк: Во Преспа има над 30 диви депонии, со пари од ЕУ почна кампања за чистење
Со чистење дива депонија кај селото Царев Двор, денеска почна кампањата „Преспа, разбуди се за чиста средина“. Кампањата ја спроведува Институтот за комуникациски студии (ИКС) во соработка со „Еко герила Преспа“, Македонското еколошко друштво од Ресен, а со финансиска поддршка на Европската унија.
Токму дивите депонии и неконтролираното фрлање на кабаст отпад и пестицидите од земјоделците се еден од главните проблеми во Преспанскиот Регион. Градоначалникот на Ресен Јован Тозиевски вели дека досега како Општина се соочувале со недостаток на опрема за собирање на ѓубре, но сега се набавени неколку возила и ќе може да се собира ѓубрето насекаде.
Погледнете ја целата вест на порталот СДК.мк.
