Покана за панел дискусијата „Здрава средина, здрав живот“
Меѓународниот ден на животната средина и здравјето – 26 септември оваа година се одбележува во рамките на кампањата за управување со отпад „Преспа? Разбуди се за чиста средина“. Овој светски ден ги истакнува клучните врски помеѓу животната средина и јавното здравје, насочувајќи го вниманието кон предизвиците како што се климатските промени, квалитетот на водата и воздухот, безбедноста и сигурноста на храната, ширењето на болести и слично.
Ве покануваме да учествувате на панел-дискусијата „Здрава средина, здрав живот“, која ќе се одржи во четврток (25 септември), од 11:00 до 13:00 часот, во Ресен (ОСУ „Цар Самоил“).
На панел-дискусијата ќе говорат д-р Давид Здравески од Институтот за јавно здравје, д-р Јаким Стојчевски, директор на Здравствениот дом – Ресен, д-р Орхидеја Тасевска, директорка на Хидробиолошкиот завод – Охрид, и Ајман Ал Маала, претставник на Секторот за животна средина при Општина Ресен. Настанот ќе овозможи дискусија за тоа како факторите од животната средина влијаат врз здравјето на луѓето и ќе охрабри усвојување на одржливи практики, како што се намалување на отпадот и загадувањето, промовирање на одржливо земјоделство, заштеда на вода и заштита на екосистемите, заради обезбедување на поздрава животна средина и благосостојба на заедницата.
Ве молиме да го потврдите Вашето присуство најдоцна до среда (24 септември) на е-адресата prespa@iks.edu.mk.
Лице за контакт: м-р Дејан Андонов, координатор на кампањата „Преспа? Разбуди се за чиста средина“ – [email protected], 071 317 661.
Кампањата „Преспа? Разбуди се за чиста средина“ ја спроведува Институтот за комуникациски студии, во соработка со Еко герила Преспа и Македонското еколошко друштво, со поддршка на Европската унија преку програмата „ЕУ за Преспа“.
АГЕНДА
|
Час |
Говорник и сесија |
|
10:45-11:00 |
Регистрација со кафе |
|
11:00-11:05 |
Добре дојде и вовед во дискусијата м-р Дејан Андонов, Институт за комуникациски студии |
|
11:05-11:15 |
д-р Давид Здравески, Институт за јавно здравје „Еколошки фактори и нивното влијание врз јавното здравје“ |
|
11:15-11:25 |
д-р Јаким Стојчевски, директор на Здравствен дом – Ресен „Јавното здравје во Преспа – предизвици и можности за побезбедна средина“ |
|
11:25-11:35 |
д-р Орхидеја Тасевска, директорка на Хидробиолошки завод – Охрид „Водните екосистеми, загадувањето и човековото здравје – поврзаност и последици“ |
|
11:35-11:45 |
Ајман Ал Маала, Сектор за животна средина, Општина Ресен „Локални акции за одржлива и здрава средина – улогата на општинзта и заедницата“ |
|
11:45-12:30 |
Дискусија |
|
12:30-13:00 |
Проекција на документарниот филм „Што ја гуши Преспа? Мини коктел |
