-
-
Гордана Гаџовскa, Општина Ресен
Да ја чуваме Преспа, нашето природно богатство! Со едукација и грижа можеме да ја заштитиме водата, животинскиот и растителниот свет. Секој наш мал чекор значи голема промена. Гордана Гаџовскa, Општина Ресен
-
Ангела Ивановска, Општина Ресен
За да ја заштитиме природата, прво треба да ја разбереме. Мониторинг станицата го следи квалитетот на водата и дава јасна слика за состојбата на Преспанското Езеро, клучно за негова навремена заштита. Ангела Ивановска, Општина Ресен
-
Елена Дурловска, студентка
Фрламе ѓубре насекаде, нема доволно депонии, а луѓето не се свесни за штетата врз екосистемот во Преспа. Ако ја снема Преспа, ќе ги снема и жителите на Преспа. Елена Дурловска, студентка
-
Марија Евтимовска, Еко Герила Преспа.
Потребни се повеќе едукација, информирање и поддршка за еколошко производство уште од најрана возраст. Со мали, но важни чекори, Преспа може да стане зелена дестинација во која туризмот и производството се надополнуваат. Марија Евтимовска, Еко Герила Преспа.
-
Елена Митаноски, сопственичка на кафе бар
Талогот од кафето нема да го фрламе, туку ќе го претвораме во природен компост за нашите градини. Така го намалуваме отпадот и придонесуваме за почиста средина. Елена Митаноски, сопственичка на кафе бар
-
Александра Фузевска, екоактивист
Преспа ќе ја зачуваме ако се грижиме за неа, развиваме еколошки иницијативи и се поддржуваме меѓусебно. Нашата цел е да останеме во Преспа, а не да ја напуштиме.Александра Фузевска, екоактивист
-
Пере Транталовски, земјоделец
Со органското производство ја штитиме околината, подземните води и храната, одржувајќи природен баланс. А вкусот на органското не може да се спореди со конвенционалното. Пере Транталовски, земјоделец
-
Телевизија 24: По децении загадување во Преспа, сега се случува тивка револуција на производство на органски ѓубрива и препарати
Во Преспанскиот регион сè повеќе се зборува за решенија кои го намалуваат отпадот и го враќаат органскиот материјал назад во природниот циклус. Наместо биоразградливиот отпад да завршува на депонии или да се гори, дел од земјоделците и локалната заедница почнуваат да го гледаат како ресурс за производство на компост и природни препарати. Сторијата на Телевизија…
-
ТВ Телма: Помалку отпад и пестициди, повеќе живот за Преспа
Во Преспанскиот регион, земјоделството е тесно поврзано со природата, почвата и езерото. Но, органскиот отпад, остатоците од земјоделското производство и прекумерната употреба на хемиски средства остануваат предизвик за животната средина и за здравјето на луѓето. Преку примерите од Преспа, ТВ Телма ја пренесува приказната за потребата од поодржливи практики – помалку отпад, помалку пестициди и…
-
СДК.мк: Малините се повкусни откако користиме компост место вештачко ѓубриво, вели Игор Фузевски, земјоделец од Ресен
Во Преспанскиот регион органскиот отпад сè почесто се препознава како ресурс што може повторно да се врати во земјоделството. Наместо остатоците од производство да завршуваат на депонија, земјоделецот Игор Фузевски од Ресен веќе десетина години ги претвора во компост што го користи на својата нива. Семејството Фузевски одгледува малини, компири и други градинарски култури, а…
-
Отпадот како сериозен предизвик: Регионалните центри како решение
Управувањето со отпадот станува сè поголем и посериозен проблем за општините во Македонија. За жал, ниту една депонија кај нас, освен во одредени места како Дрисла во Скопје и депонијата во Гевгелија, не исполнува ниту еден потребен стандард. Загадување, непријатна миризба, депонии кои постојано горат, ова е сликата на многу места во Македонија. Во минатото…
