МКД.мк: Од диви депонии и отпад од пестициди, до еколошко производство, за Преспанци здравата природа е најскапоцениот род
Во Преспанскиот регион, природата и земјоделството отсекогаш биле тесно поврзани. Но, дивите депонии, отпадот од пестициди и несоодветното управување со отпадот со години оставаат последици врз почвата, водата и целиот екосистем. Затоа, сè повеќе преспанци денес се обидуваат да ги менуваат навиките и да најдат начини производството да биде поодржливо и побезбедно за природата.
Александар Димовски од Арвати и Ана Лабор од Царев Двор покажуваат дека квалитетното вино и јаболко не се создаваат само со труд, туку и со почит кон земјата, водата и животната средина. Наместо отпадот и хемикалиите да завршуваат во природата, дел од локалните жители сè повеќе се насочуваат кон практики што ги штитат почвата и Преспанското Езеро. Во фокусот на текстот се и придобивките од ваквиот пристап како што е помалку загадување, почиста природа и поголема свест за тоа колку е важно Преспа да се зачува за идните генерации. За многумина во регионот, здравата животна средина денес станува највредниот ресурс и предуслов за поквалитетен живот.
Текстот на МКД.мк прочитајте го на ОВОЈ ЛИНК.
Со овој текст, МКД.мк ја поддржува кампањата „Преспа? Разбуди се за чиста средина“, насочена кон поттикнување подобри практики за управување со отпадот во Преспанскиот регион и подигнување на свеста за заштита на животната средина.
