Канал 5: Од отпад до квалитетна храна, рецептот на семејството Фузевски за повкусен компир
Во Преспанскиот регион, каде што земјоделството е дел од секојдневниот живот, се повеќе семејства се обидуваат да произведуваат храна на начин што ќе ја зачува природата и ќе го намали загадувањето. Несоодветното управување со отпадот, дивите депонии и прекумерната употреба на хемикалии со години оставаат последици врз почвата и водите, поради што расте свеста дека здравата природа е предуслов и за квалитетно производство.
Семејството Фузевски од Преспа покажува дека и традиционалното производство може да оди рака под рака со одговорниот однос кон животната средина. Преку внимателно одгледување и користење практики што ја штитат почвата, тие успеваат да произведат квалитетен и вкусен компир, но и да придонесат за почиста и поздрава средина.
Сторијата на Канал 5 погледнете ја на ОВОЈ ЛИНК
Со оваа сторија, Канал 5 ја поддржува кампањата „Преспа? Разбуди се за чиста средина“, насочена кон поттикнување подобри практики за управување со отпадот во Преспанскиот регион и подигнување на свеста за заштита на животната средина.
