Инфомакс: Преспа има годишно по 250 новозаболени од рак, се бори со стерилетет и проблеми со тироидна жлезда, а тоне во ѓубре
На Преспа ѝ треба заедничка акција која ќе тргне од граѓаните, а ќе ја продолжат институциите и од локаната и од централната власт за да се дојде до почиста животна средина која, пак, значи здравје за сиот жив свет, е заклучокот од денешната панел-дискусија „Здрава средина, здрав живот“ во Ресен организирана по повод 26 септември – Меѓународниот ден за животна средина и здравје. Учесниците на дискусијата без задршки зборуваа за проблемите што ги предизвикува колективната негрижа за животната средина. Директорот на болницата за респираторни заболувања, Благоја Китановски, даде загрижувачки податоци за бројот на заболени од карцином во Преспа.
Целата сторија прочитајте ја на Инфомакс.
