Преспанско Езеро и натаму драматично се повлекува
Потребни се итни мерки за заштита на намалениот водостој на Преспанско Езеро од загадување од отпадни води од септичките јами и фрлањето на отпад во реките кои се влеваат во езерото. Градоначалникот на Ресен Јован Тозиевски вели дека нема потврда за зголемена количина на пестициди во езерото, но дека треба да се регулира целиот отпад во општината. Од Хидробиолошкиот завод во Охрид објаснуваат дека земјоделците треба да се едуцираат за одложување на органски отпад и пестициди. Министерството за животна средина и просторно планирање потврдува дека мониторинг на квалитетот на водата во делот на загадување од пестициди не се врши континуирано и дека нема информација дали ваков тип на мониторинг во моментот спроведува некоја институција.
Сторијата на ТВ Канал 5 гледајте ја на ОВОЈ ЛИНК.
Со оваа сторија ТВ Канал 5 ја поддржува кампањата за управување со отпад во Преспанскиот регион, „Преспа? Разбуди се за чиста средина“, што ја спроведува Институтот за комуникациски студии во соработка со Еко герила Преспа и Македонско еколошко друштво, поддржана од Европската унија.
