Преспанско Езеро со крик за спас – загадувањето уште еден горлив проблем
Преспанско Езеро се соочува со сѐ поголемо загадување од прекумерната употреба на пестициди врз овоштарниците во Преспа. Според анализите на Министерството за животна средина и просторно планирање, овоштарите употребуваат околу 65 тони пестициди годишно. Во повеќе наврати во езерото завршуваа и непродадените јаболка, што земјоделците не успеваа да ги продадат, како и амбалажите од вештачките ѓубрива.
Сторијата на ТВ 24 Вести гледајте ја на ОВОЈ ЛИНК.
Со оваа сторија ТВ 24 Вести ја поддржува кампањата за управување со отпад во Преспанскиот регион, „Преспа? Разбуди се за чиста средина“, што ја спроведува Институтот за комуникациски студии во соработка со Еко герила Преспа и Македонско еколошко друштво, поддржана од Европската унија.
