СДК.мк: Мене ми ги фрла скапаните јаболки комшијата, јас ги фрлам кај друг, велат земјоделците од Преспа која е затрупана со отпад, а компостарата не работи 10 години
Наместо да се компостира, отпадот од јаболка во Преспа завршува на диви депонии и во Голема Река. Покрај овој био-отпад на депониите и во реката, јаболкопроизводителите фрлаат и амбалажи од пестициди со кои ги прскаат јаболката, а кои содржат високотоксични супстанции и други хемикалии. Честа е појавата земјоделците, чии овоштарници се блиску до реки, да ја мијат опремата за прскање директно во водата, што предизвикува загадување, како и да палат амбалажа од пестициди, со што се создава здравствен ризик поради можноста за формирање на канцерогени диоксини и фурани, особено ако пестицидите содржат хлор. Фрлањето на отпадот од јаболка и цврст отпад во коритото на Голема Река придонесува за сериозно загадување на водата и загрозување на животинскиот свет во строго заштитеното подрачје на Паркот на природата Езерани.
САКАМДАКАЖАМ.МК посети земјоделци од Преспа кои во разговорот не кријат дека отпадот од јаболките го фрлаат каде ќе стигнат и со тоа ја загадуваат животната средина. Но, велат дека Општина Ресен не им овозможува систем за поедноставно да се ослободат од отпадот од јаболки.
Сторијата на СДК.мк прочитајте је на ОВОЈ ЛИНК.
