Слободен печат: „Борба“ за спас на Преспа од диви депонии и ѓубришта
Преспанскиот регион во последната деценија води „битки“ на неколку фронта, како зачувување и одржување на производството на јаболка, активното намалување на водостојот на Преспанско Езеро и, за жал, сè почестото никнување диви депонии на десетици локации.
Освен тековниот, кабастиот и отпадот од пестициди, поради долгогодишното неработење на познатата компостарница, преспанци немајќи каде да го исфрлаат органскиот отпад од расипани и скапани јаболка, тие започнаа ова овошје да го фрлаат на местата наменети за картоните од пестициди, во контејнерите, но и во градската депонија во близина на селото Златари, која од неодамна е бесплатна за користење на граѓаните, но е под европските стандарди.
Сепак, и депонијата во Златари очигледно е оставена без стопан, каде што иако депонирањето од неодамна е бесплатно, нема конкретно селектирање и собирање на отпадот, тој е расфрлан насекаде по влезот на депонијата, а локацијата на депонијата е релативно далеку од повеќето населени места, што очигледно не ја прави прва опција каде граѓаните го депонираат отпадот.
Сторијата на „Слободен печат“ прочитајте ја на ОВОЈ ЛИНК.
Со оваа сторија Слободен печат jа поддржува кампањата за управување со отпад во Преспанскиот регион „Преспа? Разбуди се за чиста средина“, што ја спроведува Институтот за комуникациски студии во соработка со Еко герила Преспа и Македонско еколошко друштво, поддржана од Европската унија.
