„За отпадот во Преспа да тргнеме од себе“ – поткаст со градоначалникот на Ресен

Јавната свест – тоа што треба да тргнеме најпрво од себе, е сериозен проблем за отпадот во Преспа, вели градоначалникот на Ресен Јован Тозиевски во поткастот на ТВ Сител. Тој обвинува дека иако пристапот до градската депонија не се наплаќа, повторно има диви, расфрлани ѓубришта, дури и на стотина метри од влезот на депонијата.

Тозиевски тврди дека отпадот во општината се собира редовно и најавува дека 2 300 канти за селектирање на отпад ќе бидат поделени во домаќинствата. Тој смета дека и регионалната депонија кај Новаци е иднината за зачувување на животната средина во Преспа.

За управувањето со отпадот во Преспа, со градоначалникот на Ресен зборувавме после нашиот документарец „Што ја гуши Преспа?“ за да добиеме институционален одговор што презема општината.

Поврзани објави