Камп фест Преспа 2026: Кампување, музика и еко-акција

На 15 и 16 август, плажата „Сончев брег“ во автокампот Крани повторно станува место за кампување, дружење, музика и заедничка грижа за природата.

Постави го шаторот, уживај во летната атмосфера покрај езерото, а следното утро разбуди се за чиста Преспа. Приклучи се на акцијата за чистење на плажата, а потоа истражи ја Преспа со електричен велосипед по патеката Крани–Претор. По активното утро, продолжуваме со музика и дружење.

Камп фест Преспа е поинакво доживување на Преспанското Езеро што ги спојува авантурата, забавата и љубовта кон природата.

ЛОКАЦИЈА: Плажа на автокамп Крани, Летен шанк „Сончев брег“

Обезбедено од организаторите:

  • Бесплатен простор за кампување;
  • Музичка и забавна програма;
  • Промотивна еко-тура со електрични велосипеди;
  • Тоалети и отворен туш;
  • Паркинг за возилата на самата локација;
  • Oпрема за акцијата за чистење;

Обврска на камперите:

  • Да понесат сопствена камп опрема; 
  • Соодветна облека и други додатоци за кампување;
  • Добро расположение и љубов кон природата.

АГЕНДА 

За повеќе информации, контактирајте нѐ на [email protected] или преку порака на следните социјални платформи:

https://www.facebook.com/ecogerilaprespa

https://www.instagram.com/ecogerilaprespa

Камп фест Преспа 2026 го организираат Еко герила Преспа и Институтот за комуникациски студии како дел од кампањата за управување со отпад „Преспа? Разбуди се за чиста средина“, која е поддржана од Европската унија.

Поврзани објави