КАМП ФЕСТ ПРЕСПА – 30-31 август, плажа Крани

Два дена полни со дружење, музика и чиста енергија на брегот на Преспанско Езеро! На 30-ти и 31-ви август, обедини се со нас на Камп фест Преспа – забавувај се вечерта, а наутро прави добро дело за природата. Бесплатен кампинг простор, музичка програма и еко акција. Едно поинакво доживување во Преспа, каде што се сретнуваат авантурата, забавата и љубовата кон природата.

ЛОКАЦИЈА: Плажа на автокамп Крани, Летен шанк „Сончев брег“

Обезбедено од организаторите:

  • Бесплатен простор за кампување;
  • Вечерна забава со музички изведувачи;
  • Промо камп пакети за пријавените кампери; 
  • Пакет за освежување за добре дојде;
  • Тоалети со отворен туш;
  • Паркинг простор за возила на самата локација; 
  • Опрема за еко акција.

Обврска на камперите:

  • Да понесат сопствена камп опрема; 
  • Соодветна облека и други додатоци за кампување;
  • Одлично расположение и љубов кон природата.
АГЕНДА

30.8.2025 (сабота)

  • Пристигнување на плажата и пријавување на обележан пулт од 16:00 часот; 
  • Поставување на камп опремата од 16:00 до 19:00 часот;
  • Отворање на настанот и објаснување на агендата од 19:00 часот;
  • Проекција на документарен филм за управување со отпад во Преспа;
  • Прикажување на едукативни видеа и постери; 
  • Забавен музички дел.

31.8.2025 (недела)  

  • Почеток на денот со презентирање на туристички атракции за Преспа;
  • Еко работна акција од 9:00 до 11:00 часот;
  • Одјава и заминување од 11:00 часот.

ВАЖНО: Во автокампот Крани има колонијална продавница и ресторан како алтернатива за оброк или други потреби. Активностите ќе се одржуваат на летниот шанк „Сончев брег“, кадешто ќе се служат пијалоци и храна по многу пристапни цени, иако камперите можат да си понесат и сопствена храна.

За повеќе информации, контактирајте нѐ на [email protected] или преку порака на следните социјални платформи:

https://www.facebook.com/ecogerilaprespa

https://www.instagram.com/ecogerilaprespa

Камп фест Преспа 2025 го организираат Еко герила Преспа и Институтот за комуникациски студии како дел од кампањата за управување со отпад „Преспа? Разбуди се за чиста средина“, која е поддржана од Европската унија.

Поврзани објави