Покана за панел дискусијата „Здрава средина, здрав живот“

Меѓународниот ден на животната средина и здравјето – 26 септември оваа година се одбележува во рамките на кампањата за управување со отпад „Преспа? Разбуди се за чиста средина“. Овој светски ден ги истакнува клучните врски помеѓу животната средина и јавното здравје, насочувајќи го вниманието кон предизвиците како што се климатските промени, квалитетот на водата и воздухот, безбедноста и сигурноста на храната, ширењето на болести и слично.

Ве покануваме да учествувате на панел-дискусијата „Здрава средина, здрав живот“, која ќе се одржи во четврток (25 септември), од 11:00 до 13:00 часот, во Ресен (ОСУ „Цар Самоил“).

На панел-дискусијата ќе говорат д-р Давид Здравески од Институтот за јавно здравје, д-р Јаким Стојчевски, директор на Здравствениот дом – Ресен, д-р Орхидеја Тасевска, директорка на Хидробиолошкиот завод – Охрид, и Ајман Ал Маала, претставник на Секторот за животна средина при Општина Ресен. Настанот ќе овозможи дискусија за тоа како факторите од животната средина влијаат врз здравјето на луѓето и ќе охрабри усвојување на одржливи практики, како што се намалување на отпадот и загадувањето, промовирање на одржливо земјоделство, заштеда на вода и заштита на екосистемите, заради обезбедување на поздрава животна средина и благосостојба на заедницата.

Ве молиме да го потврдите Вашето присуство најдоцна до среда (24 септември) на е-адресата prespa@iks.edu.mk.

Лице за контакт: м-р Дејан Андонов, координатор на кампањата „Преспа? Разбуди се за чиста средина“ – [email protected], 071 317 661.

Кампањата „Преспа? Разбуди се за чиста средина“ ја спроведува Институтот за комуникациски студии, во соработка со Еко герила Преспа и Македонското еколошко друштво, со поддршка на Европската унија преку програмата „ЕУ за Преспа“.

АГЕНДА

Час

Говорник и сесија

10:45-11:00

Регистрација со кафе

11:00-11:05

Добре дојде и вовед во дискусијата м-р Дејан Андонов, Институт за комуникациски студии

11:05-11:15

д-р Давид Здравески, Институт за јавно здравје „Еколошки фактори и нивното влијание врз јавното здравје“

11:15-11:25

д-р Јаким Стојчевски, директор на Здравствен дом – Ресен „Јавното здравје во Преспа – предизвици и можности за побезбедна средина“

11:25-11:35

д-р Орхидеја Тасевска, директорка на Хидробиолошки завод – Охрид „Водните екосистеми, загадувањето и човековото здравје – поврзаност и последици“

11:35-11:45

Ајман Ал Маала, Сектор за животна средина, Општина Ресен „Локални акции за одржлива и здрава средина – улогата на општинзта и заедницата“

11:45-12:30

Дискусија

12:30-13:00

Проекција на документарниот филм „Што ја гуши Преспа? Мини коктел

Поврзани објави