Од садница до трпеза – патот на преспанското јаболко
За многу семејства во Преспа, јаболкото е извор на егзистенција и дел од традицијата што ја наследуваат и ја продолжуваат. Неговото одгледување бара долгогодишни вложувања и постојана грижа, а секоја сезона носи неизвесност околу родот, откупната цена и пласманот.
За овие предизвици зборува овоштарот Љубе Пампулевски во прилогот на Телма, кој го следи патот на преспанското јаболко од подигнувањето на насадот до потрошувачите. Доцните пролетни мразеви и градот го намалуваат производството, додека ниските откупни цени дополнително ја доведуваат во прашање исплатливоста на трудот на овоштарите.
Прилогот погледнете го на ОВОЈ ЛИНК.
Прилогот ја нагласува и потребата од примена на добри земјоделски практики, со кои ќе се намали употребата на пестициди и вода, а ќе се зачуваат приносите. Одржливото производство е важно и за заштитата на Преспанското Езеро и за иднината на луѓето што живеат од овоштарството.
Прилогот го изработи Телма во соработка со Институтот за комуникациски студии (ИКС), во рамките на кампањата „Преспа? Разбуди се за чиста средина“, преку проектот „Поттикнување на промени во однесувањето со граѓаните за подобрување на практиките за управување со отпад во регионот на Преспа“, поддржан од Европската Унија. Содржината е единствена одговорност на ИКС и не ги одразува нужно ставовите на Европската Унија.
