Како несоодветното управување со отпадот влијае на Преспа?

Што ако легендите не биле само за љубов, туку и за одговорност? Во ова видео ќе те однесеме на магично патување низ Преспанско Езеро, но и ќе го покажеме неговото вистинско лице денес. 

Златната рипка реши да ја прекине бајката и да каже нешто важно. Отпадот во Преспа не е мит, тој е нашата реалност! Слушни ја нејзината духовита, искрена и понекогаш брутална приказна за опасностите од отпадот, влијанието врз природата, животните и здравјето, загубените ресурси и економските последици и зошто сите треба да се разбудиме.

Не е бајка. Но, може да има среќен крај, ако го создадеме заедно!

Видеото е изработено во рамките на кампањата за управување со отпад во Преспанскиот регион „Преспа? Разбуди се за чиста средина“, што ја спроведуваат Институтот за комуникациски студии (ИКС), Еко герила Преспа и Македонското еколошко друштво (МЕД), а е поддржана од Европската унија преку програмата „ЕУ за Преспа“. Содржината е единствена одговорност на спроведувачите на проектот и не ги одразува нужно ставовите на Европската унија.

Поврзани објави