Како отпадот го менува пејсажот во Преспа?
Со кого сè го делиме Преспанско Езеро? Запознај ја рипката Златна, нашата малa, но мудра раскажувачка што ќе те прошета низ светот на пеликани, ретки риби, мечки, елени… но и низ сенката на најголемиот непријател на природата – отпадот.
Преспа е едно од најбогатите места со биодиверзитет во Европа. Во видеото дознај кои уникатни видови живеат само овде, што ја прави Преспа посебна и како токму ти можеш да помогнеш да ја зачуваме.
Видеото е изработено во рамките на кампањата за управување со отпад во Преспанскиот регион „Преспа? Разбуди се за чиста средина“, што ја спроведуваат Институтот за комуникациски студии (ИКС), Еко герила Преспа и Македонското еколошко друштво (МЕД), а е поддржана од Европската унија преку програмата „ЕУ за Преспа“. Содржината е единствена одговорност на спроведувачите на проектот и не ги одразува нужно ставовите на Европската унија.
