Зошто дивите депонии се вистинскиот монструм во Преспа?

Дали знаеш дека Преспанско Езеро настанало од борба со еден монструм? Па… скоро! 

Во ова видео ќе отпатуваме на Галичица за да слушнеме една легенда за херојството, природата и еден многу современ „монструм“ кој навистина постои – ѓубрето.

Нашата рипка Златна ќе ти објасни зошто дивите депонии се вистинска закана, како функционираат санитарните депонии и како сите можеме да станеме херои со мали, но важни чекори: чистење, организирање, вклучување на училиштата, локалната заедница и, секако, малку хумор.

Нема планета Б, но има А тим, а те можеш да бидеш дел од него.

Видеото е изработено во рамките на кампањата за управување со отпад во Преспанскиот регион „Преспа? Разбуди се за чиста средина“, што ја спроведуваат Институтот за комуникациски студии (ИКС), Еко герила Преспа и Македонското еколошко друштво (МЕД), а е поддржана од Европската унија преку програмата „ЕУ за Преспа“. Содржината е единствена одговорност на спроведувачите на проектот и не ги одразува нужно ставовите на Европската унија.

Поврзани објави