Онлајн игра за учење: Одлука за утре
Преспа е значаен природен екосистем и треба да се заштити од несоодветното управување со отпадот. Правилното управување со отпадот е од суштинско значење за спречување на загадувањето, зачувување на ресурсите и промовирање на одржливите практики. Справувањето со отпадот е можност и за создавање на работни места, за економски развој и за заштита на нашето здравје.
Ти си градоначалник/чка на општина и треба да го водиш процесот.
Одлучи што понатаму:
Старата локација за депонирање на отпад во Преспа е речиси полна и постојано гори. Селекцијата на отпадот во домаќинствата е незначителна, а фрлање на отпадот низ природата е честа појава и се создаваат буништа насекаде.
Предности:
- Изградба и одржување на нова санитарна депонија за правилно депонирање на отпадот, наместо фрлање во природа. Депониите сè уште се значаен дел од управувањето со отпад бидејќи тие обезбедуваат одреден простор за отстранување на нерециклиран отпад, помагајќи да се спречи ширењето на болести и да се одржат заедниците чисти. Иако тие не се совршено решение и имаат влијание врз животната средина, сепак остануваат неопходна компонента на системите за управување со отпад, особено за материјали што не можат да се рециклираат или компостираат, а што сè уште претставува значаен дел од нашиот отпад.
- Селекција на изворот или поставување на контејнери за селекција на отпадна пластика, стакло, хартија и органски отпад. Селектирање на отпадот во соодветни канти и контејнери или на собирни места означени од општината за други видови на отпад од домаќинствата, како на пример стара електрична опрема, стар и неупотреблив мебел, бои или неупотребливи лекови итн. Органскиот отпад треба да заврши во кантата која ќе биде однесена во компостара.
- Во интерес на општината е да ги зачува природните вредности на Преспа, да го поттикнете развојот на туризмот, да стави ред во начинот на кој се користат природните ресурси и да обезбеди подобар животен стандард за локалните жители.
Ограничувања:
- Постојат бројни спротивставени интереси. Плантажите со јаболка, кои произведуваат најмногу органски и отпад од пестицидите, мора да опстанат бидејќи се важен дел од економијата во Преспа и државата. Дури 80% од населението егзистира од одгледување на јаболка.
- Дополнителни трошоци за населението со воведување на нов или унапредување на постојниот систем за управување со отпад. Веројатно ќе поскапе и услугата за собирање или одлагање на отпадот за граѓаните, а голем дел од населението има ниски приходи и тоа секако ќе влијае на животниот стандард во домаќинствата.
- Бизнис секторот е веќе нестабилен и новите давачки за отпадот ќе доведе до незадоволство за бизнис партнерите на општината.
- Населението сѐ уште не е еколошки освестено и едуцирано за примарна селекција и други промени во навиките за управување со отпадот. Сето ова може да води кон губење популарност кај потенцијалните гласачи за изборите кои се наредната година.
Владата обезбедува фонд преку заем за воспоставување нов систем за управување со отпад, што подразбира задолжителна селекција и изградба на депонија и е во корелација со обврските што државата треба да ги исполни кон заштитата на животната средина.
ИГРАЈ ЈА ИГРАТА
