Што можеш да направиш за намалување на отпадот во Преспа?
Што ако златната рипка не исполнува желби туку има една своја? Запознај ја најискрената и најреалната рипка Златна од Преспа. Во ова магично, но предупредувачко видео, таа ни ја раскажува својата приказна – од легенда за несебичност до денешната реалност на отпад, пластика и занемарена природа.
Но, рипката има една голема желба – да се промени свеста кај луѓето кои создаваат отпад. Таа ни покажува како секој од нас може да направи огромна разлика преку редуцирање, селектирање, рециклирање и реупотреба на отпадот.
Видеото е изработено во рамките на кампањата за управување со отпад во Преспанскиот регион „Преспа? Разбуди се за чиста средина“, што ја спроведуваат Институтот за комуникациски студии (ИКС), Еко герила Преспа и Македонското еколошко друштво (МЕД), а е поддржана од Европската унија преку програмата „ЕУ за Преспа“. Содржината е единствена одговорност на спроведувачите на проектот и не ги одразува нужно ставовите на Европската унија.
