Еко свеста и забавата се споија на брегот на Преспанско Езеро
Најубавото лице на Преспа се појави последниот викенд од август, кога плажата во автокампот Крани оживеа со младешка енергија, еко активизам и музика. Повеќе од педесетина млади и љубители на природата се собраа на Камп фест Преспа заеднички да ја прослават љубовта кон езерото и одговорноста кон животната средина. Неделното утро покажа што значи грижата…
